Услови за користење
Последно ажурирање: 10 Септември 2026
Овие услови го уредуваат користењето на АјдеИграј, достапна преку ajdeigraj.mk и ajdeigraj.com.
1. За платформата
АјдеИграј е платформа за онлајн друштвени игри, забава и дружење. Овозможува играње со пријатели или други играчи преку достапните приватни и јавни соби кои се креираат во самата игра поради ограничен број играчи на една игра.
АјдеИграј не е платформа за коцкање или кладење. Не се дозволени парични облози или организирање обложување преку платформата.
Користењето на платформата подразбира почитување на овие услови и на објавените правила на игрите. Ако не се согласувате со нив, не ја користете услугата.
2. Правила на однесување
Сакаме АјдеИграј да биде пријатно место за секое друштво. При користење на платформата не е дозволено:
навредување, заканување, вознемирување или говор на омраза;
објавување туѓи лични податоци без овластување;
споделување незаконска содржина;
испраќање спам, измамнички пораки или несакани реклами;
мамење, користење ботови или договарање за манипулирање со резултатите;
намерно искористување технички грешки;
обиди за неовластен пристап или нарушување на работата на платформата.
Технички грешки и несоодветно однесување можете да пријавите на contact@ajdeigraj.com или функција за пријавување.
3. Игри, соби и зачуван напредок
Секоја игра има свои правила, достапни во соодветниот дел од платформата.
Достапноста на собите, продолжувањето на партиите и зачувувањето на напредокот зависат од функциите на конкретната игра.
Приватната соба го ограничува пристапот според нејзините поставки. Учесниците треба внимателно да ги споделуваат поканите и информациите во собата.
При прекин на врска, техничка грешка или одржување може да дојде до прекин на партија или загуба на незачуван напредок. Пријавените проблеми ќе ги разгледаме и, кога е технички можно и оправдано, ќе направиме корекција.
4. Виртуелни C-монети и резултати
C-монетите, поените, пехарите и достигнувањата служат за следење на напредокот и резултатите во игрите.
Тие не се пари, немаат парична вредност и не можат да се исплатат или заменат за вистински пари. Не претставуваат влог или парична добивка.
Резултати и виртуелни награди стекнати преку мамење или техничка грешка може да бидат коригирани или поништени.
5. Корисничка содржина
Одговорни сте за пораките, профилните слики и другата содржина што ја објавувате.
Со објавувањето ни дозволувате да ја прикажуваме и технички да ја обработуваме содржината во обем потребен за функционирање на платформата. Ова не претставува пренос на сопственоста врз Вашата содржина.
Содржина што ги прекршува овие услови може да биде отстранета.
6. Ограничување или прекин на пристапот
При прекршување на условите, зависно од сериозноста и повторувањето, можеме да издадеме предупредување, да ограничиме одредени функции или привремено или трајно да го прекинеме пристапот.
Кога е можно, ќе ја наведеме причината. При итен безбедносен ризик може да постапиме без претходно предупредување.
Ако сметате дека мерката е погрешна, можете да побарате повторно разгледување на contact@ajdeigraj.com.
7. Бесплатно користење и реклами
Игрите што се означени како бесплатни може да се користат без надомест.
Во иднина платформата може да прикажува реклами за поддршка на своето работење. Ако се воведат платени дополнителни услуги, нивните цени и услови ќе бидат јасно наведени пред купување.
Рекламите и надворешните линкови може да водат до услуги на трети страни, за кои важат нивните сопствени услови.
8. Содржина и права
Логото, дизајнот, софтверот, графиките и другите материјали на платформата се сопственост на АјдеИграј или се користат со соодветно овластување.
Не е дозволено нивно неовластено копирање, продажба или дистрибуција, освен кога тоа е дозволено со закон или со согласност на носителот на правата.
9. Достапност и одговорност
Настојуваме платформата да работи стабилно, но не можеме да гарантираме непрекината работа или целосно отсуство на грешки.
Може да има привремени прекини поради одржување, надградби или околности надвор од нашата контрола.
Ништо во овие услови не ја исклучува или ограничува одговорноста што според применливото право не може да биде исклучена или ограничена.
10. Приватност
Обработката на личните податоци е објаснета во нашата Политика за приватност.
Прифаќањето на овие услови не претставува автоматска согласност за промотивни пораки или други изборни обработки за кои се бара посебна согласност.
11. Измени и контакт
Условите може да се менуваат поради нови функции, безбедносни потреби или законски барања. Ажурираната верзија ќе биде објавена со датумот на измената.
За значајни промени ќе обезбедиме соодветно известување пред нивната примена, освен кога е потребно итно постапување.
За прашања, пријави или барања:
АјдеИграј
Е-пошта: contact@ajdeigraj.mk
Веб-страници: ajdeigraj.mk и ajdeigraj.com
